речник контакт

Дали би убиле еден човек за да спасите петмина?

Не пропуштајте да го прочитата истражувњето за човековиот ум. Нови истражувања за класичната дебата

Петар Печков

Замислете дека сте машиновозач на локомотива која неконтролирано ита по шините на кои петмина работници ангажирано работат за да ги поправат. Работниците немаат време да ви се тргнат од патот, освен ако самите вие со притискање на копче не го смените правецот на движење на другите шини. Но, на другите шини има друг работник. Имате само две секунди да донесете одлука: да загинат петмина работници или да згазите само еден. Што ќе сторите?

Оваа дилема е прочуена филозофска загатка која оригинално е наречена „проблем на шините“. Сега тим од Одделот за психологија на Државниот универзитет во Мичиген, со помош на технологијата на виртуелна реалност прави тестови како психолошки реагираме кога сме соочени со овој проблем.

Двата спротивставени филозофски пристапи на проблемот со шините се утилитарниот (убиј еден со цел да ги спасиш другите) и етичкиот пристап „не повредувај“ (нека Господ или природата одат по својот пат, но не прави активен избор да убиеш уште еден човек).

Во многуте години истражување, огромен број луѓе - вообичаено околу 90 отсто - избрале да убијат еден човек и да спасат пет. Но се досега, не постоеше студија која ќе истражи како би реагирале луѓето во реална ситуација со реални жртви.

Во студијата на Универзитетот, која ја предводи психологот Дејвид Наварет, учествувале 147 испитаници кои го направиле нивниот избор додека на главата носеле шлем кој прави вирутелно-реална слика и ги прикажува оние кои треба да загинат. Еден од застрашувачките фактор од тестот е тоа што потенцијалните жртви врескаат додека локомотивата се приближува.

На 147 испитаници им е прикачена и електрода на нивната кожа со цел да се измери нивната реакција, реагирањата на неслободноволниот нервен систем кој може да го достигне врвот кога сме соочени со стрес. Наварет и неговиот тим уште еднаш открија дека 90 отсто од испитаниците би убиле еден човек за да спасат петмина. Помеѓу 147-те испитаници, 133 го пртиснале копчето.

Интересно е што оние кои биле поемоционално потресени за време на симулацијата - базирана на мерење на електричната проводност преку кожата - помалку сакале да убијат еден човек. Оние кои биле поладнокрвни и по пресметливи, би го направиле она што би го одбрал и јас: да го згазат едниот човек што е можно побрзо.

Во друг тест, универзитетскиот тим го сменил експериментот така што возот би го убил еден човек освен ако не биде свртен да ги убие петмината. Со други зборови, овој пат учесниците треба да изберат пасивна, ограничена реакција: да го остават возот да остане на неговиот правец и да го згази едниот човек. Уште еднаш, 90 отсто избрале да спасат пет наместо еден живот. Просечно, и оваа група била помалку емоционално возбудена оиколку 10-те проценти кои реагирале за да спасат еден живот.

Накратко, оние кои можат да ги контролираат нивните емоции се одлучуваат да убијат еден човек за да остават петмина да живеат. Сепак, авторите забележале ограничувања во нивното истражување. Прво, светот на виртуелата реалност е само виртуелен: нема правни последици да се убие некој. Исто така, тестот покажал дека кога луѓето биле прашани дали би ги употребиле рацете да го турнат едниот човек од шините со цел да спасат петмина, само просечно половина би го сториле тоа. Не сакаме да си ги валкаме рацете.

На крај - и најважно - кога едниот човек кој би го убиле за да спасите петимна е вашето дете, само една третина од родителите би одбрале да спасат петмина.

Овие статистики се преземени од „Журналот за социјална, еволуциска и културна психологија“ од 2010.

Што можеме да го научиме од ова за природата на човекот? Еволуцијата не претворила во брутални и себични луѓе. Правиме пресметки во секунда кои резултираат со убиство - освен ако во прашање не е член на семејството. Но, да ве прашам: Што би сториле вие?

текстот е преземен од Тајм - Њујорк

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »